| четврток, 6 декември 2018 |

Наскоро со еден билет ќе се возиме во сите автобуси на јавниот градски превоз

Наскоро граѓаните на Скопје со само еден билет ќе може да се возат во сите автобуси на јавниот градски превоз во Скопје, без разлика дали тие се на ЈСП или пак на приватните превозници, пишува „Вест“. Советниците велат дека на приватните превозници ќе им се плаќа по изминат километар а системот за следење ќе овозможи да нема злоупотреби. Со ова на граѓаните ќе им се овозможи со еден билет да се возат во кој сакаат автобус, без разлика дали е приватен или на ЈСП со што ќе им се намали времето на чекање. Предлогот треба да се најде на една од следните седници на Советот на Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top