Дуке Бојаџиев информира за најновата нумера која е насловена „Вечност“(Eternity) и е заедничко дело со Мартина Блажевска. Тој вели дека станува збор за нешто сосема ново од него што и има летен призвук.
-На големо задоволство ги споивме Охрид, Македонија и Њујорк во една заедничка приказна, вели Мартина Блажевска.
Нумерата „Вечност“(Eternity) е комплетно авторско дело на Дуке Бојаџиев, а истата е снимена во „Гаеа мјузик“ во Њујорк. Режисер на видеото е Даниел Јовески, а снимено е на локации во Охрид и во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


