| четврток, 6 декември 2018 |

Папата ги повика европските лидери да ја разрешат грчката криза

papa

Папата Франциско денеска апелираше до лидерите на Европската унија да донесат одговорна одлука со цел да се разреши грчката криза, додавајќи дека човечовото достоинство мора да остане во  центарот на решението на овој проблем, пренесе Танјуг.

Во соопштението од официјален Ватикан се наведува дека папата е загрижен заради општествените последици од кризата и последиците врз грчките семејства, пренесуваат британските медиуми.

-Достоинството на човековото битие мора да остане во центарот на сите политички и технички дебати, како и при донесувањето на одговорни одлуки – истакна поглаварот на Римокатоличката црква, повикувајќи ги сите верници да се молат за грчкиот народ, се наведува во соопштението.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас доцна синоќа на меѓународните кредитори им порача дека Грција може да ги прифати речиси сите услови од новата спогодба за помош доколку некои од условите бидат изменети, но официјален Берлин порача дека не може да се преговара за нова спогодба пред референдумот што Атина го закажа за недела.

Во замена за прифаќање на спогодбата со одредени услови, Ципрас од меѓународните кредитори бара заам од 29 милијарди евра, колку што на Грција и се  потребни за да ги исплати сите долгови што пристигнуваат за наплата во следните две години.

Ципрас е изложен на голем притисок да постигне спогодба со кредиторите, бидејќи неговата земја стана првата развиена економија која доцни со отплатата на долгот кон Меѓнародниот монетарен фонд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top