| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични за одговорните во „Керамика“ Велес

полиција

СВР Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицата С.А (1966) од Гевгелија, извршен директор на АД „Керамика“ Велес во периодот од 2000 до 17 јануари 2013 година и сопственик/управител на „Дидо Груп“ Гевгелија, М.А. (1969) од Гевгелија, претседател на Собрание на акционери на АД „Керамика“ Велес од 16 јануари 2003 до 17 јануари 2013 година, сопственик/управител на „ Соми“ Михаил ДООЕЛ Гевгелија, С.Л. (1963) од Велес, службено лице-адвокат, А.К. (1969) од Кавадарци, службено лице, извршител, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Д.Т. (1973) од Велес, службено лице-адвокат, Ј.С. (1963) од Велес- службено лице-судски вештак, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање во извршување кривично дело“.

Со наведените кривични дела, пријавените на останатите акционери на АД „Керамика“ Велес им нанеле значителна штета од 75.341.429 денари. Во временскиот период од 2004 до 2011 година пријавените лица во својство на службени и одговорни лица, по претходен заеднички договор, во повеќе наврати донеле одлуки, а потоа меѓусебе, односно меѓу правните лица кои ги застапуваат АД „Керамика“ Велес и „Соми “ Михаил ДООЕЛ Гевгелија склучиле анекси на договор за закуп на недвижен имот- сопственост на АД „Керамика“ Велес , договори за кои знаеле дека претставуваат зделки со заинтересирана страна, без одобрение од надлежен орган-Собрание на акционери на АД „Керамика“ Велес. Во 2009 година АД „Керамика“ Велес раскинало договор за закуп на простор со „Соми“ Михаил ДООЕЛ Гевгелија пред истекот на неговата важност, по што, во 2010 година „Соми“ Михаил ДООЕЛ Гевгелија до Основен суд Велес поднесува тужба против АД „Керамика“ Велес за надомест на штета од 1.960.000 евра, заради нанесена ненадоместлива штета заради незаконски раскинат договор за закуп. Првопријавениот, во својство на извршен директор на АД „Керамика“ Велес признава дека заради раскинување на договорот за закуп второпријавениот, сопственикот на „Соми“ Михаил ДООЕЛ Гевгелија има претрпено одредена штета. Во 2011 година тужбеното барање е усвоено, со што АД „Керамика“ Велес се задолжува да исплати надомест на штета во износ од 74.377.916 денари на „Соми“ Михаил ДООЕЛ Гевгелија. Откако пресудата станала правосилна и извршна, во 2011 година, во постапката за извршување, извршена е проценка на недвижноста сопственост на АД „Керамика“ Велес и на јавно наддавање во 2011 година како купувач се јавува второпријавениот- управител на „Соми“ Михаил ДООЕЛ Гевгелија, кој го купува имотот на АД „Керамика“ за проценетата вредност од 75.341. 429 денари. Притоа, четвртопријавениот во својство на службено лице- извршител, изготвил заклучок за извршена продажба и ја предал недвижноста во владение на второпријавениот, иако не бил уплатен полниот износ од продажбата.

Со наведените дејствија, пријавените им нанеле значителна штета на останатите акционери на АД „Керамика“ Велес од 75.341.429 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top