| четврток, 6 декември 2018 |

Пехарот на Суперкупот на УЕФА пристигна во Скопје

На Националната фудбалска арена „Филип Втори“ денес беше претставен пехарот кој ќе биде доделен на победникот од Суперкупот на УЕФА во финалето кое во август 2017 ќе се одржи во Скопје.

pehar 1

pehar 2

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски вчера истакна дека за кандидатурата на ФФМ имале максимална поддршка од Владата и градот Скопје.

-Скопје е првиот град во регионот кој добива организација на вакво престижно фудбалско натпреварување, што претставува голема чест, но и голема одговорност. Суперкупот е настан кој ќе биде голем импулс и мотивација за развој на фудбалот во нашата земја и секако во регионот, а воедно и одлична можност Македонија да се промовира и афирмира пред светската јавност.Со добивањето доверба да бидеме домаќини на настанот кој го следат милиони луѓе ширум светот, нашата организација станува чувар на националниот идентитет и горди сме што УЕФА ја препозна нашата посветеност за фудбалот и подготвеноста да бидеме одлични организатори на големиот спортски настан – изјави Ѓорѓиоски.

pehar 3

pehar 4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top