| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас подготвен да го прифати договорот на кредиторите под одредени услови

­ Грција е подготвена да го прифати предлогот на кредиторите со некои промени, додавки или појаснувања, како дел од продолжување на програмата на Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФСФ) и новиот договор со Европскиот механизам за стабилност за кого денеска поднесуваме барање.

ципрас3

 

Ова, како што јави дописникот на МИА од Атина, се вели во последното писмо со датум од 30 јуни, што грчкиот премиер Алсксис Ципрас го испратил до претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, претседателот на Европската централна банка, Марио Драги и управниот директор на ММФ, Кристин Лагард.

pismo

 

Според последниот предлог на Грција, Атина е подготвена да го прифати договорот составен на техничко ниво, под услов да остане попустот од 30 отсто на ДДВ за островите.

Во врска со пензиските реформи, грчкиот премиер бара промените за поместување на старосната граница за пензионирање на 67 години да почнат да се имплементираат од октомри 2022 година, а не веднаш.

Покрај тоа, грчкиот премиер сака да го одложи спроведувањето на „клаузулата за нула дефицит“ и е против приватизацијата на независниот оператор за пренос на електрична енергија ­ АДМИЕ.

Според „То Вима“, неименуван европски извор изјавил дека условите што Грција ги поставила за да го потпише договорот, може да не бидат прифатени од страна на сите министри за финансии од Еврозоната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top