| четврток, 6 декември 2018 |

Загина работник по пад од столб висок 6 метри

Педесет и тригодишниот Алекса М.(53) од село Удово вчера во возило на Итната медицинска помош им подлегнал на повредите на влезот во Скопје, здобиени при работа.

Починатиот бил работно ангажиран за отстранување на дефект на телефонски кабел во село Мрзенци, Гевгелија, при што паднал од бетонски столб од височина од околу 6 метри.

Во Медициниот центар-Гевгелија и му биле констатирани тешки телесни повреди во пределот на ’рбетот, главата и екстремитетите.

 

 

Во Клиничкиот центар-Скопје бил донесен во 18.48 часот

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ПС Гевгелија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top