| четврток, 6 декември 2018 |

Михајловиќ сака да го доведе сонародникот Настасиќ во редовите на Милан

Италијанскиот гигант Милан почна со реконструкцијата на тимот за следните неколку сезони. По неуспешните обиди да ги доведе во своите редови Мартинез и Кондогбија уште пред почетокот на преодниот рок еуфоријата како да спласна кај навивачите, но со договорот со Карлос Бака од Севилја повторно се подгреаја надежите дека Милан ќе состави одличен тим.
Новиот тренер Синиша Михајловиќ сака да ги засили и одбранбените редови и затоа издаде налог раководството на тимот да се обиде да го доведе српскиот репрезентативец Матија Настасиќ.
Михајловиќ одлично ги познава квалитетите на младиот дефанзивец од времето кога беше селектор на Србија, а Настасиќ веќе настапуваше во Серија А во тимот на Фиорентина. Потоа замина за Англија, го носеше дресот на Манчестер сити, но не се докажа, па сега е член на бундеслигашот Шалке 04. Сепак, Милан сака да го врати во Серија А и за тоа е подготвен да плати околу 15 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top