И во Русија јогата е непожелна. Најмалку две студија во кои се вежба јога добиле заканувачки писма од властите во кои се нагласува дека мора да престанат да одржуваат часови во општинските зграда. Двете студија за јога одржуваат часови по хата јога, најпопуларниот облик на оваа древна вештина во Европа.
Во писмата наводно пишува дека сево ова е со цел да се спречи ширењето на новите религиски секти, а за хата јогата пишува дека е во нераскинлива врска со религиските обичаи. Заради тоа би требало да престанат часовите за обука и тренинг на хата јога.
Но, изгледа дека писмата немале ефект.
– Ова на сите им е смешно и многу забавно – пишува Инга Пименова, членка на едно од студијата.
Минатата недела македонскиот брегалнички митрополит Иларион изјави дека јогата е одрекување од православната црква и од Исус Христос, а на оние кои вежбаат јога им фрли анатема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.