| четврток, 6 декември 2018 |

Се разведуваат Бен Афлек и Џенифер Гарнер

Актерите Бен Афлек и Џенифер Гарнер се разведуваат по десет години брак. Тие  го соопштија ова во заедничката изјава и со тоа ставија крај на медиумските шпекулации.

ben aflek

– По многу размислување, донесовме тешка одлука да се разведеме. Остануваме пријатели и уште имаме љубов еден кон друг. Заеднички продолжуваме да им бидеме родители на нашите деца и молиме да се почитува нивната приватност во овој период – пишува парот во соопштението.

Афлек ќе продолжи да живее на нивниот заеднички имот во одвоената куќа и тие двајца заедно ќе се грижат за нивните три деца – Вајолет Афлек, Серафина Роуз Елизабет Афлек и Семјуел Гарнер Афлек.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top