Рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави синоќа дека одлуката на Украина да не купува гас од Русија е политичка.
Украинската компанија Нафтогас објави дека од 1 јули прекинува со купување гас од руската компанија Гаспром до усогласување на условите за доставување. Киев ја донесе таа одлука по неуспешните преговори во Виена меѓу министрите за енергетика на Русија и на Украина за конечен договор за испораката на гас.
– Нема никакви основи за прекин на купувањето руски гас. Предложената цена е повеќе од конкурентна. Таа одлука може да биде само политичка, тука нема никаква економија, изјави Новак.
Тој додаде дека цената од 247 долари е многу конкурентна и оти „тоа не соодветствува на денешната пазарна конјуктура“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.