| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува режимот за тешки товарни возила на Скопје – Охрид – Скопје

avtopat

Од денеска почнува примената на времениот режим на сообраќај на тешки товарни возила во викендите од летниот период на магистрален пат А2 делница:  Скопје – Охрид – Скопје.

Забраната се однесува на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони. Режимот ќе трае до 1 септември, соопшти Автомотосојузот на  Македонија, повикувајќи се на информација на Министерството за транспорт и врски.

Оваа година има измена во временските интервали во однос на ограничувањето кое важеше минатите години, со цел да им се овозможи повеќе време за движење на тешките товарни возила.

Забраната ќе се однесува за време на викендите – во петок од 15 до 22 часот, во сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 7 до 22 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top