| четврток, 6 декември 2018 |

Што им напиша Ципрас на кредиторите (фото)

ap_990075861274

До Претседавачот на Бордот на гувернери на ЕСМ
и Претседател на Еврогрупата
г. Јероен Дајселблум

Почитуван претседавач, почитуван претседател,

Од името на Хеленската Република (понатаму во текстот „Републиката“ или „Грција“), Ви доставувам барање за поддршка на стабилноста во соласност со Член 12 и Член 16 од ЕСМ Договорот

Како што веќе знаете, Републиката е соочена со итни и неодложни финансиски проблеми во втората половина на 2015 година и во цела 2016 година, со оглед на тоа дека:

– Нема ниту една исплата во рамките на втората програма („Програмата“) од јули 2014 година;
– Републиката нема пристап до пазарното финансирање, уредено со Член 1 од Упатството за заеми на Механизмот за европска стабилност (ЕСМ);
– Програмата истекува на 30 јуни 2015 година, а нашето барање за продолжување на крајниот рок на тековните преговори не беше прифатено, и
– Помошта за итна ликвидност (ЕЛА) не беше продолжена од ЕЦБ (Европската централна банка), па затоа контрола на капиталот во грчкиот финансиски систем беше неопходна за да се оддржи финансиската стабилност на Еврозоната.

Имајќи го предвид горенаведеното и тоа дека денес, 30 јуни 2015 година, е крајниот рок зададен од Еврогрупата во изјавата за постигнување договор од 20 февруари 2015 година, Грција бара поддршка за финансиска стабилност од ЕСМ во облик на двегодишен заем („заем“) бидејќи сите услови зададени во Член 13 од Договорот ЕСМ и Член 2 во Упатствата се исполнети. Заемот ќе биде наменет исклучително за исполнување на обврските за отплата на надворешниот долг на Грција и за обврските од внатрешниот долг.

Што се однесува, пак, на заемот, Грција бара нејзиниот долг кон ЕФСФ (Европскиот фонд за финансиска стабилност) да се реструктуира и да се репрофилира во духот на предлозите дадени од Европската комисија за да се овозможи грчкиот долг да стане одржлив и остварлив на долгорочен план. До истекот на заемот или претходно, Грција цели кон тоа повторно да добие постојан пристап на меѓународните пазари на капитал за да може да ги исполни условите за идни барања за финансирање.

Додека овој заем биде одобрен, Грција бара Еврогрупата да ѝ ја продолжи Програмата за краток временски период за да не биде присилена да прогласи технички банкрот. Грција е целосно посветена на отпалата на нејзиниот надворешен долг на начин којшто ќе обезбеди одржливост на грчката економија, раст и општествена кохезија.

Со почит,
(своерачен потпис)

Алексис Ципрас

 

(Писмото е испратено и до претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, до еврокомесарот за економски и финансиски прашања, даноци и царина, Пјер Московици, како и до директорот на ЕСМ, Клаус П. Реглинг)

pismo cipras junker golema

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top