| четврток, 6 декември 2018 |

И утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во источните и југоисточните делови на земјава, каде се очекува да наврнат околу 10-ина литри на метар квадратен воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 19 степени,  а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

Од четврток следува период на стабилно, суво и потопло време со слаб до умерен северен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top