Државниот долг на Грција достигна 317 милијарди евра на крајот на 2014 година, или 177,1 проценти од БДП на земјата, покажуваат податоците на Евростат.
Агенцијата посочува колкави загуби ќе имаат останатите земји од еврозоната при банкрот на Грција. Пресметките се направени во април од одделение на британската банка „Барклис“.
Германија: 15,2 милијарди евра директни кредити; 41,2 милијарди евра уплати во спасувачкиот механизам на еврозоната Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФСФ).
Франција: 11,4 милијарди евра директни кредити; 30,9 милијарди евра уплати во ЕФСФ.
Италија: Десет милијарди евра директни кредити; 27,2 милијарди евра уплати во ЕФСФ.
Шпанија: 6,7 милијарди евра директни кредити; 18,1 милијарди евра во ЕФСФ.
Холандија: 3,2 милијарди евра директни кредити; 8,7 милијарди евра уплати во ЕФСФ.
Белгија: 1,9 милијарди евра директни кредити; 5,2 милијарди евра во ЕФСФ.
Австрија: 1,6 милијарди евра директни кредити; 4,3 милијарди евра уплати во ЕФСФ.
Финска: Една милијарда евра директни кредити; 2,7 милијарди евра во ЕФСФ.
Словачка: 1,6 милијарди евра уплати во ЕФСФ.
Португалија: 1,1 милијарда евра директни кредити.
Словенија: 0,2 милијарди евра директни кредити; 0,6 милијарди евра уплати во ЕФСФ.
Естонија: 0,4 милијарди евра во ЕФСФ.
Ирска: 0,3 милијарди евра во ЕФСФ.
Малта: 0,1 милијарди евра директни кредити; 0,2 милијарди евра во ЕФСФ.
Кипар: 0,1 милијарди евра директни кредити.
Грција освен тоа, доби финансиска помош во износ од 137,7 милијарди евра од Европската централна банка (ЕЦБ), наведува „Барклис“. Не се знае како евентуалните загуби на таа сума ќе се распределат меѓу владите од еврозоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција