Грција денеска предложи двегодишен договор со Европскиот механизам за стабилност за целосно покривање на своите финансиски потреби и со паралелно реструктуирање на долгот, соопшти грчката Влада.
– Грција останува на преговарачка маса, се наведува во соопштението во кое се додава дека Атина бара „применливо решение за останување во еврозоната“.
Предлогот е во форма на писмо, упатено до претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум и кон Клаус Реглинг, шеф на Европскиот механизам за стабилност.
Пораката на грчката Влада за новиот предлог доаѓа неколку часа пред истекот на крајниот рок за отплата на рата од долгот на Грција кон Меѓународниот монетарен фонд и завршувањето на европската програма од спасувачкиот план за Грција.
Се уште не е познато како ќе одговараат доверителите на новиот предлог на Атина.
Во меѓувреме, Дејселблум денеска во последен момент откажал интервју за холандската телевизија „Ер Те Ел“. Водителот Фритс Вестерн, кој требал да го прави интервјуто, телефонски бил известен за промената од страна на кабинетот на Дејселблум. На новинарот му било кажано дека министерот се извинува, но нема да може да присуствува, бидејќи имал „итни обврски“.
Дејселблум, кој е и министер за финансии на Холандија, ги претставува земјите од еврозоната во преговорите со Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот