| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска денот е подолг за една секунда

Кога по некоја случајност би имале при рака автоматски часовник, на неговиот екран би забележале 23:59:60, пред да отчука 00:00:00.

saat so sekunda plus

Дополнителната секунда е уфрлена со цел автоматските часовници да се усогласат соЗемјината ротација, која полека се забавува, но технолошките компании и сите тие што се занимаваат со интернет се плашат дека токму таа една секунда може да предизвика хаос.

– Постојат последици на манипулирање со времето – вели Питер Виберли, научник на Националната физичка лабораторија во Велика Британија, кој моментно е задолжен за дефинирање на средното време во Гринич.

Бидејќи престаппните секунди се уфрлуваат спорадично, тешко се забележуваат на компјутерите, па грешките може да предизвикаат привремен пад на системот.

Последен пат кога беше додадена секунда, во 2012 година, „паднаа“ „Мозила“, „Редит“ и “Линкедин“. Во Австралија на чекање биле дури 400 летови, бидејќи системот на чекирање во една авиокомпанија сосема откажал.

Потребата за престапна секунда постои поради неопходноста од точни часовници. Ако ги нема, тогаш времето постепено би престанало да се смета на основа на Земјината ротација, што значи дека за околу 800 години Сонцето би било на највисоката точка на небото во 13 часот, наместо напладне, во 12 часот.

САД и Франција сакаат да се укинат престапните секунди, а Британија, Русија и Кина сметаат дека е возможно да се надминат техничките предизвици.

Конечната одлука би требало да се донесе во ноември, на состанокот на Меѓународната унија за телекомуникација, важно тело на Обединетите нации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top