Вчера околу 14,40 часот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кај местото викано Бревичка, во хала на фабриката „Резба“ за преработка на камен, загинал Стојан К.(57) од Прилеп.
При изведување електрична инсталација, која била под напон, качен на скала, Стојан во еден момент паднал од скалата во висина од 3,3 метри. Од падот се здобил со повреди во пределот на главата и починал на самото место.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од прилепската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.