| четврток, 6 декември 2018 |

Дневниот лимит на повлекување готовина во Грција може да биде намален до 20 евра

Како што јави дописникот на МИА од Атина, многу банкомати вчера останаа без банкноти од 20 евра, што значи дека луѓето можеа да повлечат само 50 евра. Банкарски извори тврдат дека единствниот надзорен механизам на Европската централна банка (ССМ) првично предложил лимит од 20 евра за дневни трансакции, но по притисокот на грчките банки ограничувањето беше ставено на 60 евра.

На пензионерите првично им беше кажано дека ќе можат да повлечат 240 евра неделно, но по синоќешниот состанок во Министерството за финансии со претставници на банките е договорено тие да можат да повлечат само 120 евра неделно.

За таа цел, банките ќе отворат 870 филијали во кои пензионерите ќе можат да подигнат готовина. Пензионерите ќе чекаат надвор од банките и ќе им биде дозволено да влегуваат еден по еден за да ги извршуват нивните трансакции. На самото место ќе бидат присутни и полициски едници.

Во меѓувреме, Министерството за финансии издаде соопштение во кое ги демантира шпекулациите дека ограничувањето на повлекување пари ќе се намали од 60 до 20 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top