| четврток, 6 декември 2018 |

Рамос одлучи да си замине од Реал Мадрид, на потег е Манчестер јунајтед

serhio ramos

Сагата со Серхио Рамос е при крај, а стоперот на Реал Мадрид соопшти дека сака да си замине од редовите на 10-кратниот европски првак и дека сака да игра за Манчестер јунајтед.

Рамос нема да го продолжи договорот со Реал, дури и ако му се исполнат барањата за годишна плата од 10 милиони евра. Тој има договор со кралскиот клуб до 2017 година и годишна плата од 6 милиони евра.

Проблем е високата отштета од 90 милиони евра, која Реал ја бара за 29-годишниот стопер. Извори блиски до Рамос тврдат дека тој нема да го смени ставот и дека сака да игра само за Манчестер јунајтед.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top