На Институтот за животна средина и здравје при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска ќе се одржи презентација на активностите за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје.
Ќе биде претставен и ГЕФ проектот: „Постигнување заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирањето на намената на земјиштето“.
Најавено е учество на претставници на научната јавност, градоначалници на општините кои гравитираат кон ова подрачје, на меѓународната заедница и на невладини организации и медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.