| четврток, 6 декември 2018 |

Триесет лица загинаа при уривање на воен авион на островот Суматра

Најмалку 30 лица загинаа кога воен авион „херкулес Ц­130“ се урна во резиденцијалниот дел на градот Медана, на островот Суматра, изјави портпаролот на индонезиската Агенција за спасување, Хисар Турнип. ­

– Најновата информација која ја имаме е дека 30 лица загинале, но бројот би можел да биде и поголем – истакна Турнип.

Командантот на воздухопловните операции Агус Дви Путранто претходно изјави дека во авионот се наоѓале 12 члена на екипажот, но сѐ уште не се знае колку вкупно луѓе се наоѓале во леталото.

Портпаролот на индонезиските воздухопловни сили, Ди Бадарманто, нагласи дека авионот се урнал веднаш по полноќ, само неколку минути откако полетал од аеродромот во Медана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top