| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе се за пороен дожд и за грмежи

дождВремето во Македонија денеска ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни со пообилни врнежи, засилен ветер и со можна појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени,  а дневната од 21 до 28 степени.

Во Скопје слично време, променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, особено во првата половина од денот. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

И во среда се очекува нестабилност со локален пороен дожд и со грмежи, особено во првата половина од денот, а потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, но ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top