Заврши средбата на лидерите на четирите најголеми партии во Македонија, Никола Груевски од ВМРОДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, што се одржа доцна попладнево во Клубот на пратениците во обид да се најде решение за излез од политичката криза во земјава.
По средбата што траеше повеќе од час, лидерите на партиите не дадоа изјави. Најавени се информации за средбата преку соопштение.
И на денешната лидерска средба како набљудувачи присуствуваа амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.
Средбата беше договорена по разговорите на партиските лидери одржани на 19 јуни исто така во Клубот на пратениците, а на кои тие уште еднаш ја потврдија нивната целосна посветеност на договорот од 2 јуни постигнат со посредство на еврокомесарот за преговори за проширување и европска соседска политика, Јоханес Хан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.