Скопје и националната арена „Филип Втори“ ќе го организираат европскиот Суперкуп во 2017 година, одлучи Извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА) на денешниот состанок во Прага, пренесува „Спортмедиа“.
Виталиј Мутко, министер за спорт на Русија и член на ИК на УЕФА, за италијанските медиуми ја објавил веста за изборот.
Скопје ја доби честа да ги угости најдобрите два тима за сезоната 2016/17 и во август за две години да биде домаќин во воведната пресметка на лауреатите од сезоната претходно, дуелот помеѓу европскиот првак и победникот во Лига на Европа.
Ова е најголем фудбалски и спортски настан што Македонија воопшто ќе го организира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.