| четврток, 6 декември 2018 |

Почна шестата лидерска средба

­ Во Клубот на пратениците во Скопје попладнево почна шестата средба на лидерите на четирите најголеми партии во Македонија, Никола Груевски од ВМРО­ ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, во обид да се најде решение за излез од политичката криза во земјава.

Премиерот Груевски е придружуван од шефот на дипломатијата Никола Поповски, Заев од Радмила Шеќеринскаа, потпретседател на СДСМ, Ахмети од пратеникот Артан Груби, а Тачи од Имер Алиу, координатор на пратеничката група на ДПА.

И на денешната лидерска средба како набљудувачи присуствуваат амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав. С

редбата беше договорена по разговорите на партиските лидери одржани на 19 јуни исто така во Клубот на пратениците, а на кои тие уште еднаш ја потврдија нивната целосна посветеност на договорот од 2 јуни постигнат со посредство на евокомесаротза преговори за проширување и европска соседска политика, Јоханес Хан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top