| четврток, 6 декември 2018 |

Мосоковиси: Сѐ уште е можен договор со Грција

moskovisiЕврокомесарот за економски и монетрани прашања, Пјер Московиси, смета дека сѐ уште е можно да биде постигнат договор меѓу Грција и нејзините кредитори.

– Вратата на Европската комисија останува отворена за разговори со Грција. Земјата треба да остане во еврозоната – изјави Мосовиси за Француското радио, додавајќи дека иако во моментов не се водат преговири, сѐ уште верува дека е можно да биде постигнат договор.

Според Московиси, Грција и нејзините кредитори дошле „неколку чекори“ од постигнување договор и сѐ уште има маневарски простор да се дојде до него.

Московиси воедно го повика грчкиот премиер Алексис Ципарс да заокружи „да“ на претстојниот референдум закажан за 5 јули, на кој Грците треба да се изјаснат дали сакаат продолжување на програмата за помош на земјата, во замена за спроведување реформи и мерки на штедење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top