Еврокомесарот за економски и за монетарни прашања Пјер Московиси смета дека сè уште е можно да биде постигнат договор меѓу Грција и нејзините кредитори.
– Вратата на Европската комисија останува отворена за разговори со Грција. Земјата треба да остане во еврозоната – изјави Мосовиси за Француското радио, додавајќи дека иако во моментов не се водат преговири, сè уште верува дека е можно да биде постигнат договор.
Според Московиси, Грција и нејзините кредитори дошле „неколку чекори“ од постигнување договор и сè уште има маневарски простор да се дојде до него.
Московиси воедно го повика грчкиот премиер Алексис Ципарс да заокружи „да“ на претстојниот референдум закажан за 5 јули, на кој Грците треба да се изјаснат дали сакаат продолжување на програмата за помош на земјата, во замена за спроведување реформи и мерки на штедење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот