Познатиот актер и музичар Џаред Лето ја стави на „Инстаграм“ фотографијата од пресеченото уво, кое му го испратил некој обожавател на неговата група „30 Seconds To Mars“.
– Некој си го отсекол своето уво и ми го пратил, а тоа е многу чудно. Цело уво, потег Ван Гог – изјави Лето во интервјуто за едно британско радио.
– Во пратката, покрај увото, стоеше пораката „Слушаш ли?“, а јас никогаш не дознав кој беше тоа – додава тој.
На прашањето што направил со увото, тој се шегува и вели дека му направил дупче и го носел околу врат како приврзок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.