Популарниот американски глумец Том Круз повторно самоуверено ќе го управува авионот во новото продолжение на филмот „Топ ган“.
За проектот во моментов се пишува сценариото.
– Во филмот постои неверојатна мисија за Маверик и невозможно е да има продолжение без тој неверојатен лик – изјави филмскиот продуцент Дејвид Елисон.
Тој уште откри дека дејството се одвива во сегашноста и дека морнарицата и војувањето многу се измениле од излегувањето на оригиналот. Том Круз (52) во 1986 година го играше ликот на тогаш неискусниот храбар пилот Маверик, а истиот лик ќе го глуми и во новото продолжение.
Проектот се реализира по 30 години, а до голема пауза дојде и поради смртта на режисерот на првото продолжение, Тони Скот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.