За помалку од седум дена, денеска во Брисел ќе се одржи втора средба на премиерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Иса Мустафа, на која ќе продолжи дијалогот по нерешените клучни прашања, објавија белградските медиуми.
Вучиќ вчера во Белград изјави дека претстојните преговори нема да бидат ниту лесни ниту едноставни, но дека ќе замине за Брисел со верба и надеж за постигнување договор.
Како што јави „Данас“, Вучиќ нагласи дека за Србија е од суштинско значење постигнување договор за формирање на заедницата на српските општини во Косово, како и за телекомуникациите, енергетиката и „Паркот на мирот“ во Косовска Митровица.
Американскиот амбасадор во Белград, Мајкл Кирби, пак, во интервју за Танјуг нагласи дека ако на денешниот дијалог меѓу Блеград и Приштина биде постигнат напредок, Европската комисија би можела да предложи почнување разговори по нова глава од преговорите за членство на Србија во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Била втора жена на богаташ, ја тепал за време на бременоста, ќерка и имала рак: Која е жената со која Мустафа ја замени Емина?
-
Конечно ја преболe Емина: Мустафа објави фотографија со новата девојка
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска