
Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика лидерите на сите водечки германски партии на кризен состанок денеска во Берлин на кој ќе биде разговарано за кризата во Грција.
Според анонимен официјален извор од Берлин, шефовите и лидерите на парламентарните партии, вклучувајќи ги и претставниците на зелените и на левицата, се повикани да присуствуваат на состанокот, јавува „Ројтерс“.
Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, изјави дека Меркел поседува клуч за решение на грчката криза, истакнувајќи дека Атина останува отворена за натамошни разговори со меѓународните кредитори.
– Атина е подготвена за „нови предлози на институциите“ – ЕУ, ЕЦБ и ММФ, пред референдумот за условите за заем закажан за следниот викенд – изјави Варуфакис за германски Билд.
Министрите за финансии од земјите-членки на еврозоната во саботата одбија да ја продолжат програмата за помош на Грција по 30 јуни кога истекува рокот. Поради тоа, Атина распиша референдум за предлозите на кредиторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


