| четврток, 6 декември 2018 |

Лагард разочарана од преговорите со Грција

evrogrupaДиректорот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард изјави денеска дека е разочарана од неуспехот на преговорите со Грција, која е на чекор од платежна неспособност во однос на долгот кон ММФ.

Истовремено таа додаде дека се уште сака разговорите со грчката Влада да продолжат со надеж дека земјата ќе ги спроведе „адекватните структурни и фискални реформи поддржани од мерките за финансирање и должничката платежна способност“.

– Продолжуваме да веруваме дека е неопходен балансиран пристап, кој ќе помогне во обновување на економската стабилност и растот во Грција, посочи таа.

Лагард додаде дека ММФ внимателно ќе го следи развојот на ситуацијата во Грција и во соседните земји и ќе биде подготвена да помогне доколку е потребно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top