| четврток, 6 декември 2018 |

Европската централна банка ќе продолжи со позајмиците за Грција

Banca-Centrale-EuropeaЕвропската централна банка денеска соопшти дека итните позајмици за грчките банки ќе останат на исто ниво, оставајќи така отворена можност за политичко решение во последен момент за избегнување на криза во грчката економија.

„Со оглед на актуелните состојби советот на гувернери одлучи дека итните позајмици за ликвидност на грчките банки ќе се задржат на нивото за кое се разговараше во петокот“ се наведува во соопштението на ЕЦБ, па се допдава дека институцијата е подготвена повторно да ја разгледа својата одлука во било кој момент, пренесува АФП.

Според информациите од Грција, таа горна граница која би ги спасила банките и економијата во земјата изнесува околу 90 милијарди евра. Советот кој се состана веднаш по неуспешните преговори додава дека „внимателно ги следи ситуацијата и нејзините потенцијални импликации врз монетарната политика“, како и дека е „одлучно во намерата да ги употреби сите инструменти кои му се на располагање во мандатот“. Ова споменување на мандатот, се оценува дека значи оти монетарната институција не е подготвена да отстапи од своите правила, што значи да ја финансира грчката економија и по истекувањето на планираната помош. „ЕЦБ директно ќе соработува со Банката на Грција за да се оддржи финансиската стабилност“ се додава во текстот на соопштението. Според агенцијата ДПА, овој чекор во Грција е дочекан со оптимизам, но и со внимателност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top