| четврток, 6 декември 2018 |

Грчкиот гувернер ветува се кон избегнување на хаосот

greek-bankГувернерот на Банката на Грција Јанис Стурнарас вети денеска дека ќе стори се што е во негова моќ за да ја гарантира финансиската стабилност на земјата и да го избегне хаосот во грчката економија, се наведува во соопштението на Европската централна банка, објавено по завршувањето на седницата на оваа финансиска институција со седиште во Франкфурт.

– Банката на Грција, како членка на Евросистемот ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ја гарантира финансиската стабилност на грчките граѓани во овие тешки околности, истакна Стурнарас.

ЕЦБ соопшти денеска и дека ќе го задржи сегашното ниво на итните заеми за грчките банки, оставајќи ја во пракса отворена вратата за политичко решение, за избегнување хаос во грчката економија и за излез на Грција од еврозоната.

– Управниот совет ги зеде предвид сегашните оклности и одлучи да го задржи прагот на доставуваните ликвидни средства на грчките банки на ниво, одредено во петокот, се додава во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top