| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Вработени над 2.500 лица преку проектот „Македонија вработува“ за два месеца

gru5
Над 140 илјади нови работни места се отворени во последните осум години, а само преку проектот „Македонија вработува“ за помалку од два месеца се вработени 2.612 лица, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на денешната годишна конференција на Унијата на млади сили.Осврнувајќи се на проектот „Македонија вработува“, Груевски нагласи дека младите се опфатени во посебна група до 35 години за чие вработување работодавачот во период од три години нема да плаќа никакви придонеси, ниту персонален данок на доход, но ќе има обрвска да ги задржи вработените најмалку уште една година.- На оваа мерка претходеше слична, една година претходно преку која работа добија 8.117 млади луѓе до 29 години за само една година. Со новата мерка до 35 години и заедно со старата до 29 години, за помалку од два месеци се вработија над 1.700 млади луѓе, половина со старата мерка до 29 години која се уште трае, околу половина со новата мерка до 35 години, која е дел од големиот проект „Македонија вработува“ и тоа само до оваа возраст- појасни Груевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top