–Не чекаат уште едни избори и уште една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе бидат избори во кои Македонија ќе испрати голема порака- рече премиерот Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
-Порака, дека е премногу созреана за обични шибицери да ја прелажат. Историски избори кои никој несмее да ги пропушти. Не е во прашање Заев или Груевски. Во прашање е потценеттата интелегенција на цел еден народ. Во прашање е валкана игра, која ако не се сосечи со референдусмко гласање против инструментот СДСМ кој ја создаде кризата, ќе стане пракса, стил на живот, стил на владаеење, ќе стане иднина на Македонија.Ќе стане правило со измама, интрига и манипулација да се освои власт, а не со работа, реформи, дела и држење до дадениот збор. Ние сите ќе извлечеме поука од сето ова, и ќе ги корегираме сопствените грешки, или барем најгоелем дел од нив.Неодамна предложените препораки на ЕУ ќе ни помогнат во тој наш следен напор, рече Груевски.
Тој нагласи дека стратешка грешка ќе биде ако не се порази до патос,оној кој одработувајки зададена задача, и борејки се без заслуга да дојде на власт, рушејки го тешко градениот имиџ и углед на земјата, поигрувајки си со чуствата на 2 милиони луѓе, се обидува незаслужено и со измама да се добере до власт. Власт по секоја цена. Груевски нагласи дека тоа не смее и нема да се дозволи.
-Јас го знам тоа. Тоа е цела онаа лузерска и криминогена екипа на СДСМ собрана околу Заев, заклучи Груевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски