-Донесовме ниско тарифни авио компании со кои илјаници млади луѓе за 20-30 евра можат да патуваат кон најатрактивните дестинации низ Европа и пошироко. Младите брачни парови кои планираат три или повеќе деца во семејството веќе од 2008-мата добија сериозна државна финасиска поткрепа, а првите резултати од тоа иако во мал обем веќе стасуваат. Годинава, по подолг надолен тренд, кога на училиште почнаа да одат токму оние кои се родија кога владата ја донесе оваа мерка и политики, во прво оделени се запишаа 1.116 повеќе деца од минатата.Се враќа надежта кога зборуваме за македонската демографија, иако не чека тежок пат на ова поле, имајки во предвид дека на ред доаѓаат генерации со пониска фертална база, рече Груевски.
Премиерот потсети дека новата мерка на владата за стимулирање на вработувањата наречена Македонија вработува, се издвои посебна категорија за која работодавачот пет години нема да плаќа придонеси со обврска да ги задржи уште една-тоа се невработени од семејства со три или повеќе деца, што значи овие луѓе, овие семејства ќе станат поатрактивни за работодавачите во иднина.
-Се даде можност и за подолго неплатено породилно боледување од три месеци кое може да се искористи до возраст на детето од три години, до кога мајаката е и здравствено осигурана,а од годинава воведовме и подолгоплатено породилно отсуство за мајки кои ќе родат две, три или повеќе деца истовремено, и за нив го зголемивме на 15 месеци породилното отсуство, рече Груевски.
Груевски рече дека се дадоа нови можности, стимулирање и подршка на младите земјоделци.
-Владата преку реализација на овој проект само оваа година ќе исплати 1.340.000 евра, односно по 10 илјади евра за секој млад земјоделец кој ги исполнува условите.Имено договорите за оваа година се склучени.Сега останува на земјоделците да ги реализираат планираните инвестиции според планот и да достават документи до платежната агенција за да им се повратат во целост инвестираните средства до 10 илјади евра. Ова е одлична можност за луѓето кои сакаат да започнат со производство и добра можност за отпочнување на сопствен земјоделски бизнис.Продолжуваме со истата мерка и следната година со апел, што повеќе млади луѓе кои сакаат да ја искористат оваа мерка да се информираат и вклучат, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски