Според елементите од истрагата, убиецот Јасин Салхи за последен пат бил забележан со жртвата Ерве Ц. во петокот во 7 часот и 30 минути. Во 9 часот и 28 минути Јасин Салхи се претставил пред фабриката Ер Продуктс во Сант Кантан Фалавие. Во текот на седум минути и надвор од полето кое го покриваа камерите за видео-надзор тој ја уредува сцената со отсечената глава на својот работдавач, со две изламски знамиња, едното црно, другото бело на кои имало религозен текст од исламот. Во 9 часот и 35 минути удира со возилото а уапсен е нешто пред 10 часот, кога извикувал „Алах Акбар“, објавува весникот Журнал ди диманш.
На местото на сцената на ужасот е откриен нож и лажно оружје. Иследниците мислат дека Јасин Салхи го искористил лажното оружје за да му се закани на својот работодавч, но првите елементи од медицинскиот извештај не дозволија да се дознае дали жртвата на која имало траги од давење, била се уште жива кога и била отсечена главата.
Истражаните органи ги лишија од слобода неколкумина блиски на Јасин Салхи, меѓу кои неговата сопруга и сестра и сега работат на откривањето на кого му беше упатена „селфи“ фотографијата на која тој позира со отсечената глава, направена од Јасин Салхи со својот смартфон. Бројот на мобилниот телефон е од Канада, испратен со апликацијата ВатсАпп, и се сомнева дека овој број послужил само за пренесување на фотографијата до финалната дестинација. Во истрагата е вклучена и канадската полција.
Изутринава премиерот на француската влада Мануел Валс на радиото Еуроп1 изјави:„Постои определба на Даеш (исламската држава) да ги нападне нашите универзални вредности. Овие џихадисти не се борат против Западот, туку против универзалните вредности.“
Тој понатаму додаде дека заканата од тероризмот ќе биде постојана и на високо ниво и таа ќе трае долго.
– Ние сме соочени со војна против џихадистите, тероризмот и радикалниот исламизам. Ние не можеме да ја изгубиме оваа војна на цивилизациите, нагласи Валс.
Според него државата е најдоброто оружје против тероризмот и одби да води полемика за средствата кои се посветени на средствата за борба против тероризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.