Според учениците и наставниците, грижата за средината во која учиме, работиме и живееме е дел од еколошката култура која сите треба да ја имаат.
Кампањата, како што истакна извршниот директор на „Пакомак“, Филип Ивановски, е продолжение на еколошките активности на компанијата.
– Се надеваме дека со овие прекрасни бели рози, училишните дворови ќе бидат поубави, атмосферскиот воздух почист, а розата ќе претставува симбол на едно почисто и поеколошко Скопје – изјави Ивановски.
Еколошката кампања „Скопје – градот на цвеќето, Скопје – градот на розата“ беше поттикната од истражувањето кое покажа дека розите се едни од најдобрите извлекувачи на тешки метали од почвата и прочистувачи на воздухот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.