| четврток, 6 декември 2018 |

И официјално, нема финансиска помош за Грција од ЕУ

Осумнаесет земји од еврозоната ја осудија одлуката на Атина да организира референдум и да ги прекине преговорите со кредиторите. Согласно тоа, претставниците од Грција не го ставија својот потпис на овој документ, дополни Дејселблум

Првпат во историјата, Еврогрупата излезе со соопштение без потпис на Грција, а во кое ја осудува одлуката на Атина да спроведе референдум за програмата за финансиски спас на земјата, изјави денеска, на крајот на седницата на Еврогрупата нејзиниот претседател Јерун Дејселблум, пренесува ТАСС. ­

grcija1

 

Осумнаесет земји од еврозоната првпат излегоа со соопштение без потпис на Грција. Осумнаесет земји од еврозоната ја осудија одлуката на Атина да организира референдум и да ги прекине преговорите со кредиторите. Согласно тоа, претставниците од Грција не го ставија својот потпис на овој документ, дополни Дејселблум. ­

Понатамошни преговори со Грција за програмата за помош се невозможни. Таа завршува на 30 јуни, дополни претседателот на Еврогрупата. ­

Процесот на преговори заврши. Програмата за помош на Грција ќе запре вечерта на 30 јуни. Ситуацијата во Грција забрзано ќе се влошува во следните месеци, бидејќи оваа програма нема да продолжи, дополни Дејселблум. Министрите од еврозоната го одбија барањето за продолжување на програмата за еден месец. Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, ја коментираше оваа одлука напуштајќи го состанокот.

– Ова е тажен ден за Европа, но Грција тоа ќе го преброди. Претходно, грчкиот премиер Алексис Ципрас ги повика Грците на 5 јули на референдум да се изјаснат за тоа дали Грција треба да го прифати или отфрли предлогот на меѓународните кредитори. Дебатата во Парламентот по ова прашање е во тек. Парламентот го објави на својата интернет страница дневниот ред, според кој гласањето е закажано за 19 часот по локално време. Владата има мнозинство за усвојување на предлогот за одржување референдум. ­ Овие предлози, со кои се крши европското право и основното право на работа, еднаквност и достоинство, покажуваат дека намерата на некои од партнерите и институциите не била одржлива спогодба за сите страни, туку можеби понижување на еден цел народ – изјави Ципрас за време на вчерашното обраќање до нацијата.

Ципрас ова го кажа само неколку часа по враќањето од Брисел, каде европските кредитори и Меѓународниот монетарен фонд на Грција и понудија спогодба, која грчката Влада ја отфрли како несоодветна. Грција вчера ги отфрла предлозите на кредиторите за продолжување на кредитната програма за пет месеци ­ до крајот на ноември, со доставување кредити од 15,5 милијарди евра .

– Должни сме да одговориме на ултиматумот изразувајќи ја суверената волја на народот – рече Ципрас.

Но самата најава за одржување референдум, министрите од еврозоната ја оценија како еднострано прекинување на преговорите. Оваа одлука Дејселблум ја оцени како „тажна одлука за Грција, која ја затвора вратата за натамошни преговори“. ­

Грција еднострано ги прекина преговорите, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. ­

– Во моментов немаме основа за преговорите и никој од колегите нема претстава што би можеле ние сега да направиме, дополни Шојбле при пристигнувањето на состанокот на Еврогрупата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top