Грчките банки почнаа да го ограничуваат износот на пари којшто може да се подигне од банките. Ова откако граѓаните почнаа да повлекуваат депозити во пресрет на референдумот и од страв поради се поизвесниот банкрот.

Две од најголемите грчки банки денеска известуваат дека 500 банкомати во земјата веќе се без пари од утринава и дека некои од нивните филијали нема да бидат во можност да отворат во понеделник освен ако не добијат екстра пари за да ја одржат ликвидноста од Грчката централна банка. Портпаролот на Банката на Грција веќе извести дека прават напори да обезбедат дотур на средства во системот.
Некои од банките веќе поставија лимити на кеш средства коишто може да се повлечат на шалтерите и од банкоматите. Јиота Кардогиани од Пираеус Банк извести дека тие лимитот го поставиле на 3.000 евра за повлекување пари од шалтерите и 600 евра за повлекување пари од банкоматите. Алфа Банка постави лимит од 5.000 евра во речиси сите нејзини филијали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


