| четврток, 6 декември 2018 |

Операта „Змејовата невеста“ вечерва на „Скопско лето“

Операта „Змејовата невеста“ од македонскиот композитор Стојан Стојков ќе биде изведена вечерва, во 20 ч., во Македонската опера и балет на „Скопско лето“.

skopsko leto

Делото е работено според драмата на Димитар Г. Молеров, режијата е на Дејан Пројковски, а диригентка е Бисера Чадловска. Настапува солистичка екипа, оркестарот, хорот, балетски солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

Во рамките на фестивалот, на повеќе локации во централното градско подрачје од 17-23 ч., ќе бидат изложени дела од неколку наши уметници: Горан Менков, Ана Јовановска, Нада Прља, Ана Лазаревска, Зорица Зафировска, Димче Димески. Изложбата е насловена „Скопски урбани приказни: Привремена духовна ремедијација/интимна урбана ревизија“, под кураторство на Ана Франговска.
В недела, пак, во „Сули-ан“, во 21 часот, ќе има ревија на наградени филмови „Најдоброто од ’Анимакс’“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top