Научниците во Шпанија речиси шест ипол години истражувале повеќе од илјада лица и утврдиле дека лицата кои јадат медитеранска храна збогатена со јаткасти плодови, маслиново масло, имаат подобри резултати во конгитивните тестови, од контролната група која не конзумирала медитеранска храна.
Резултатите на истражувањето се објавени во медицински магазин.
– Утврдивме дека медитеранската храна со маслиново малсо може да ги намали благите воспалителни процеси на крвните садови кои се поврзани со ризикот од каридиоваскуларни болести и конгитивни оштетувања – вели Мигел Мартинез Гонзалес, шеф на одделот за превентивна медицина на шпанскиот универзитет „Навара“.
Во медитеранската исхрана нема потреба од преработена храна и лоши маснотии, а многу се застапени интегралните житарици, јаткастите плодови, овошјето и зеленчукот, рибата и црното вино- богати антиоксиданси со многу хранливи влакна.
Познато е дека таквите намирници помагаат во намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни оштетувања и воспаленија на мозокот како резултат на слободните радикали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



