Во големиот сајбер напад кој во почетокот на месецот ја загрози тајноста на податоците на околу четири милиони сегашни и поранешни работници на сојузните служби на САД, хакерите продреа во компјутерите на агенциите на владата на САД и сега е прашање за што ќе го употребат материјалот на долгогодишните сексуални афери, проблеми со парите или конзумирањето на дрога, пишува „Пословни дневник“.
Неодамнешното откритие дека хакерите ја пробија базата која чува лични податоци за работници на сојузните служби, многу интимни детали од лична природа, го потресе Вашингтон.
Хакирањето на Кабинетот за чување на лични податоци на вработените ОПМ, може да стане ризница за странските шпиони.
Кога на пример 51 годишниот пензиониран американски војник при пополнување на безбедносен прашалник, призна дека имал афера која траела 20 години со сопругата на поранешен колега, тоа требаше да остане тајна меѓу него и владата.
Хакирањето на таквите податоци наизглед го нарушува само личниот живот на поединецот, но тоа сепак е многу поопасно бидејќи може да биде материјал за уцена или за влијание на американските административци. Откривањето на податоците дадени на тој кабинет, е причина за голема загриженост кај актуелните и поранешните административци на американската влада, кои одеднаш сватија дека нивните тајни за секс, дрога и пари, можат да бидат во рацете на странски влади.
Милиони Американци кои треба да ја поминат безбедносната проверка го пополнуваат прашалникот Standard Form 86 (SF 86). Според името некако неопасен, прашалникот на 127 страници исклучително е сеопфатен и агресивен.
Меѓу другите, лицата кои аплицираат мора да наведат каде живееле, да ги наведат контактите кои ги имаат со странски државјани и патувањата во странски земји, имиња и лични детали за роднините, евентуална конзумација на дрога, како и да наведат посети на психолози и психијатри.
Освен тоа, хакерите во раце сега ги имаат и финансиските проблеми, неверствата, психијатриски дијагнози и здравствени проблеми.
Извор од силите за безбедност на САД по хакерскиот напад рече дека се верува дека зад нападот стоји странски ентитет или влада.
Властите испитуваат можна поврзаност со Кина, додека Пекинг ја отфрли својата вмешаност. Ветераните на разузнавачките служби велат дека хакирањето може да се покаже како катастрофа, бидејќи ако се работи за Кина, таа земја може да ги искористи податоците да најде роднини на американски административци во странство или докази за љубовни врски или дроги кои може да ги искористи за уцени или влијание на американските административци.
Уште полошо сценарио би било масовно разоткривање на прикриени оперативци, велат поранешните разузнавачи.
– Тие записи се легитимна цел на странски разузнавачки служби – рече пензионираниот генерал Мајкл Хајден, поранешен директор на ЦИА и НСА. – Поради тоа не треба да се срами Кина. Поради тоа треба да се срамиме ние.
– Навистина е малку застрашувачки некој сега толку да знае за нас – рече еден поранешен американски дипломат.
Додека ЦИА ја врши својата сопствена безбедносна проверка, Стејт Департментот, министерството за одбрана или НСА го користат ОПМ.
Американски функционер кој се занимава со безбедносните процедури вели дека некои агенции не го користат ОПМ за проверка, што значи дека податоците за нивните вработени на прв поглед се помалку изложени.
Сепак, тој тврди дека некој со пристап на комплетната Standard Form 86 (SF 86) и имињата на функционерите во американските амбасади, кои се главно јавни, може да ги спореди тие две и самиот да дојде до одредени заклучоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе те кажам на мажот: Полицаец уценувал тетовка откако таа одбила да ја продолжи врската со него
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
Од овие српски хакери се тресеше Европа: Две момчиња од Прокупље и Рума ги воделе нападите на сајтови во цел свет