| четврток, 6 декември 2018 |

„Во себе“ и „Чудовишта 3Д“ од четврток на репертоарот на „Синеплекс“

Новата возбудлива екранизација на истоимениот роман на Стефани Мајер, филмот „Во себе“ ќе биде прикажан на редовниот репертоар на Cineplexx, почнувајќи од четврток. Откако го освои светот со Сагата на Самракот кој ги повлече рекордите на гледаност, Мајер ни ја претставува новата научно-фантастична приказна. Филмот не води во необичниот свет на иднината, во кој судбината на целото човештво зависи од неа, а љубовта се раѓа меѓу двајца млади. Земјата се покорува на врстата на паразитски суштества, наречени „души“ кои ги заземаат умовите на своите човечки носители, притоа задржувајќи ги нивните тела.
Оваа недела ќе биде прикажан и филмот наменет за најмладите, Дизниевата добро позната авантура „Чудовишта 3D“. Филмот ни го претставува светот во кој живеат страшните чудовишта, кои всушност и не се толку страшни. Работите почнуваат да се менуваат кога во нивниот свет ќе влезе малото девојче. Во тој момент главниот плашач на деца, Сулеј, се чувствува загрозен и верува дека неговиот свет е нарушен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top