| четврток, 6 декември 2018 |

Техниката 5-3-2 како рецепт за посреќен живот

Eдноставна техника со која за десет дена ќе го пренасочите текот на вашите мисли од негативни кон позитивн.

Тајната на среќата е конечно откриена, порачуваат научниците од клиниката „Мејо“. Рецептот за среќен живот се состои од неколку едноставни чекори кои ќе ве изведат од лавиринтот на потиштеност и депресија.
Програмата што ја патентирале трае околу 10 недели, а во тој период доаѓа до драстични промени во животните ставови и начинот на размислување на поединецот.

За да се „спријателите“ со среќата прво поставете си го клучното прашање – што е за мене среќа, ако се елиминираат парите, здравјето и успехот?

5-3-2 техника
5 – се однесува на првите пет луѓе кои се или биле во вашиот живот и на кои сте им најмногу благодарни. На нив треба да се сетите штом се разбудите, но вежбите можете да ги практикувате кога ќе почувствувате „дека паѓате“.
3 – во првите три минути, кога ќе ги сретнете членовите на вашето семејство, однесувајте се како да сте сретнале одамна загубени пријатели, колеги и соседи.
2 – во првите две секунди кога ќе сретнете познато лице, испратете и позитивни вибрации – „Ти посакувам секое добро“.

Дополнителни совети:
Концентрирајте се на позитивни мисли, но и простувањето
Истражувањата покажале дека човечкиот ум е конструиран така што скоро се насочува на негативни искуства, но добра вест е дека дури 40 до 50 отсто чувство на среќа зависи од одлуките кои сами ги донесуваме. Ќе бидете среќни ако се концентрирате на она што во вашиот живот е убаво и на позитивни мисли како што се благодарност, простување и љубезност.

Дали проблемот што сега ве мачи ќе ви биде важен после пет години?
Ако запнете, па не можете да се ослободите од негативните мисли, запрашајте се дали проблемот кој моментално ве мачи ќе биде важен и за пет години. Ако одговорот е „не“, тогаш не е вредно на него да трошите толку време и енергија. Важно е постојано да си повторувате кои вредности ви се навистина важни за исполнет и квалитетен живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top