| четврток, 6 декември 2018 |

Србија и Франција во финалето на ЕП за кошаркарки

orli

Репрезентациите на Србија и Франција ќе играат за златниот медал на Европското првенство во кошарка што се игра во Унгарија.

Србинките за првпат од осамостојувањето обебзедија медал и ќе имаат можност тој да биде со најголем сјај по триумфот над Белорусија со 74-72.

Ана Дабовиќ повторно одигра блескав меч за Србија и со 21 поен ја предводеше својата репрезентација до историски успех и прв медал.

Франција успешно се справи со големиот ривал Шпанија и славеше со 63-58. Клучен за успехот и пласманот во финале беше одличниот трет период на „триколорките“ кој го добија со 22-15.

Финалето и мечот за бронза ќе се играат задутре.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top