| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ја одби новата понуда на кредиторите

грцијаГрција ги отфрла предлозите на кредиторите за продолжување на кредитната програма за пет месеци – до крајот на ноември, со доставување кредити од 15,5 милијарди евра, наведуваат грчки владини извори за агенцијата АНА-МПА.

Грчката страна отфрла предлози на институциите (ЕУ, ЕЦБ и ММФ) за продолжување на актуелната кредитна програма со финансирање во износ од 15,5 милијарди евра, јави АНА-МПА.

– Сценаријата на масата на преговори се многу, но важно е – заеднички договор, изјавиле владините извори во Брисел.

Тие додале дека „предложеното финансирање е недоволно“ за потребите на државата.

– Договорот не треба да биде обнова на кругот од економски мерки за штедење, нагласиле изворите.

Меѓународните кредитори предложија денеска да продолжат до крајот на ноември втора кредитна програма за Грција со четири транши од вкупно 15,5 милијарди евра ако биде постигнат договор со нивни услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top