На владина презентација одржана од делегација предводена од премиерот Никола Груевски, на можностите за инвестирање во Македонија пред бизнисмените во Франција, присуствуваше и Стив Шарп, кој е претседател и извршен директор на компанијата Еуромакс Рисорсис.
Тој има почетна инвестиција во областа на металската индустрија во Македонија и го истакна позитивното искуство од соработката со македонската Влада и од инвестициската клима во Македонија.
-Нашето искуство во Македонија е апсолутно одлично. Од Владата покажаа разбирање за сите работи за кои разговаравме, а кои се издржани. Начинот на кој тие имаат интеракција со бизнисот е како никаде на друго место, другите европски држави можат да научат важна лекција од Македонија во начинот на привлекување на странските инвеститори. Имаме редовен дијалог и дваесет и четири часовен пристап во комуникацијата со министрите- изјави Шарп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Саем за студии во Франција